
Крилниот напаѓач Марко Ројс по завршувањето на сезоната заминува од Борусија Дортмунд. Останува со „милионерите“ да го одигра само уште финалето во Лигата на шампионите, а веќе се збогува со фановите на „Сигнал Идуна Парк“.
Медиумите во Америка најавуваат дека Марко Ројс е во преговори со Шарлот, тимот од МЛС-лигата. Тренер на овој тим е 53-годишниот англиски стручњак Дин Смит, познато име од терените на Островот.
Шарлот е еден од ретките МЛС – клубови кој во претходните сезони не донесе звучно засилување, па доаѓањето на Ројс секако би предизвикало интерес кај тамошната јавност.
Медиумите во САД тврдат дека Марко Ројс ги договорил речиси сите услови и дека договорот треба да биде на две години.
Ројс е член на Борусија Дортмунд од 2012 година. Во текот на кариерата го следеа бројни пехови, како што се низата тешки повреди, кои секако се одразија на неговите игри.
Во текот на 12 сезони, играчот од средниот ред одигра 415 натпревари, постигна 167 гола и забележа 126 асистенции.
Ројс двапати го освои Купот на Германија и трипати германскиот Суперкуп. Трипати беше и играч на сезоната во Бундес – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
