Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, зборуваше на прес-конференција пред утрешниот натпревар против Џирона во Лигата на шампионите.
„За гледачите, новиот формат на Лигата на шампионите навистина е нешто добро. Гледаат многу добри натпревари меѓу големи екипи. За играчите, тоа се дополнителни средби во веќе преполнетиот календар, исполнет и со натпревари на националните тимови, со патувања. Ние не сме експерти за календарите. Важно е да се знае што мислат фудбалерите, но нашата задача е да играме и да победуваме“, рече бразилскиот дефанзивец.
„Секогаш сонуваме да стигнеме колку што е можно подалеку во Лигата на шампионите. Мислам дека моите соиграчи се најдобрите во светот. Сакам да верувам дека овој тим ќе биде најдобар. Иако немаме големи имиња, подготвени сме да се стремиме кон нешто големо“, додаде дефанзивецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













