
Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, капитенот Маркињос, беше тажен откако неговиот тим загуби со 1-0 и во реваншот со Борусија Дортмунд и застана на чекор од финалето во Лигата на шампионите. Сепак, тој смета дека вината за тоа е во неговиот тим и недостатокот на ефикасност.
„Ни недостигаше ефикасност. Ни дадоа два гола после корнер и по добро додавање, а знаевме дека е нивната сила. Требаше подобро да се браниме во тие ситуации. Тоа се мали детали. Создадовме многу шанси, многу повеќе од нив, но ние не бевме ефикасни, од друга страна, тие беа исклучително ефикасни, постигнаа два гола и ги добија двата натпревари“, анализира Маркињос.
„Има многу позитивни работи што можеме да ги преземеме од ова натпреварување. Малкумина веруваа дека ќе стигнеме до тука. Надминавме многу тешкотии и не треба да фрламе сѐ само затоа што сме елиминирани. Мораме да запомниме дека ова е нов проект, со нов тренер. Имаме многу позитивни работи за следната сезона, бевме многу блиску до целта, но требаше да бидеме поефикасни“, заклучи Бразилецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
