Горан Пандев се подготвува за Европското првенство како последен спортски предизвик во неговата кариера како да е последниот спортски играч во неговиот живот. Најверојатно ќе биде така, пишува „Марка“. Ова е последната епизода од митот за Горан Пандев кој трае цели 20 години во Европа. Ќе заврши со круна на кариерата – Европско првнество.
„Сите ми велат… Гоги не се шегувај, мора да го правиш тоа уште една година“, открива Пандев, но не е сигурен дека ќе продолжи. Во моментот само размислува како да ја одведе Македонија до уште еден историски чекор во Европа, историски успех и на Европското првенство.
„На 12 ноември тој го постигна победничкиот гол против Грузија и ја одведе Македонија за првпат на завршниот турнир од големо натпреварување. Тој одамна е третиран како ѕвезда во својата земја за неговата долга кариера во Италија, каде ги има освоено сите можни титули. Но, со Македонија на ЕВРО неговата кариера е комплетна. Тоа што е посебно возбудливо е дека неодамна одбележа 20 години служба во дресот на Македонија. Тогаш имаше само 17 години. Денеска има 37 и надмина 100 гола во Серија А. Половина од неговиот живот блеска во италијанскиот фудбал“, пишува „Марка“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski