Connect with us

Марк Гехи веќе не сака трансфер во Ливерпул, затоа што добил повик од Реал Мадрид

Ливерпул беше неверојатно блиску до потпис со дефанзивецот Марк Гехи од Кристал Палас, но зделката пропадна во последен можен момент летово. И покрај овој голем неуспех, според различни извори во Англија, „црвените“ ќе се обидат со нова офанзива за фудбалерот во јануари, кога ќе се отвори зимскиот трансфер прозорец.

Сепак, како што откриваат медиумите на Островот, дефанзивецот ја променил својата одлука и ги известил своите агенти дека преферира да му се приклучи на Реал Мадрид.

Гехи бил возбуден од можноста да игра за Мадрид. Клубовите надвор од Премиер – лигата имаат право директно да преговараат со него во јануари, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тоа му дава можност на шпанскиот гигант да реагира порано и да го осигура 25-годишниот играч без да плати трансферна отштета.

Ливерпул во ликот на Гехи ја гледаше алтернативата во центарот на одбраната, особено откако преговорите со Ибрахима Конате за нов договор не се одвиваат најдобро. Французинот, исто така, е на радарот на Реал Мадрид.

Менаџерот Арне Слот беше искрен во својата проценка за ситуацијата, кога зборуваше за „Скај Спортс“ оваа недела.

„За нас, секако, тоа беше разочарување, претпоставувам и за играчот, бидејќи тој очекуваше да дојде кај нас“, призна тој.


„Се обидувам да се ставам на местото на играчот, но тоа може да се случи и со наш играч – можеби некој сакал да замине, но на крајот не можел, бидејќи ние не успеавме да го доведеме играчот кој го сакавме.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови