Connect with us

Марјан Алтипармаковски е второто засилување за Вардар

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го промовираше и второто засилување. Искусниот напаѓач Марјан Алтипармаковски ги засили „црвено-црните“. Тој доаѓа од екипата на Раднички Белград.

Марјан Алтипармаковски има големо искуство и во ПМФЛ и како интернационалец.


Во ПМФЛ досега има забележано 164 настапи во кои има постигнато 41 гол. Во својата досегашна богата кариера во Македонија има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер, a како интернационалец има настапувано и во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови