Македонскиот напаѓач Марио Илиевски од денеска и официјално е нов член на косовскиот прволигаш Приштина. По настапите за бугарскиот ЦСКА 1948 минатата сезона, Илиевски одлучи да ја продолжи својата кариера на Косово.
Од клубот се оптимисти за неговото влијание во нападот и веруваат дека ќе донесе свежина и голови.
„Марио е напаѓач со докажан потенцијал и напаѓачка интуиција. Се истакна во Бугарија, Унгарија и во дресот на младинските селекции на Македонија. Очекуваме од него страст, енергија и голови“, стои во официјалното соопштение на Приштина.
Самиот Илиевски со голем ентузијазам го дочекува новиот предизвик.
„Среќен сум што доаѓам во клуб со амбиции како Приштина. Ќе дадам сѐ од себе на секој натпревар за да се бориме за титулата и да се вратиме на европската сцена.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













