
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, останува оптимист, и покрај поразот од 0-2 на стартот на сезоната против Манчестер Сити на „Стeмфорд Бриџ“. Тој смета дека неговиот тим одиграл добро во овој натпревар и гледа дека работите се движат во вистинската насока.
„Сметам дека нашето претставување беше добро. Не сакаме да губиме, но мислам дека нашата игра беше добра. Се соочивме со најдобриот тим во светот и во голема мера бевме рамноправни, а во одредени моменти дури и подобри од нив. Создадовме шанси, но големата разлика беше во казнените простори, каде што тие многу подобро ја разигруваа топката во клучните моменти. Но, тие се специјалисти за тоа. Севкупно, нашето претставување беше добро“, смета Мареска.
„Мислам дека се претставивме подобро во споредба со последниот натпревар со Интер. А тоа е најважното – да се подобруваме со секој следен натпревар. За мене подобрувањето е очигледно и сметам дека се движиме во вистинската насока. Веќе реков дека не очекував тимот да биде на такво добро ниво толку рано во сезоната, така што е очигледно дека напредуваме. Немам сомнеж дека од ден на ден ќе изгледаме сè подобро, ќе победуваме натпревари и ќе бидеме посреќни“, убеден е Италијанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
