Connect with us

Манев: Брегалница сака триумф на гости во Битола

Брегалница влезе во ритам, а денеска ја очекува гостување кај Пелистер. Младинскиот репрезентативец Јован Манев игра во одлична форма во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тој доби нов повик од Драган Канатларовски за настап во дресот на младата репрезентација во квалификациите за ЕП 2023, но претходно треба да ги изврши и клупските обврски.


Денеска го очекува гостувањето со тимот на Брегалница кај последнопласираниот Пелистер во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Се наоѓаме во еден позитивен период по двете претходни победи. Секако тоа не не опушта затоа што знаеме дека Пелистер е навистина цврст противник кој заслужува многу повеќе бодови од моменталните во лигата. И нивното реми на гости со Ренова доволно предупредува. Ќе биде тежок дуел, но јас сум навистина оптимист и посакувам и верувам дека од Битола ќе се вратиме со трите бода“, вели Јован Манев.

Шкендија ќе му гостува на Скопје, а Академија Пандев исто така ќе биде гостин, кај Тиквеш во Кавадарци. Борец ја пречекува Македонија ЃП, а во Тетово ќе играат Ренова и Работнички.

Вчера, лидерот Шкупи славеше на гости против Струга Трим Лум со 1-3.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО (15 ЧАСОТ)

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА

ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови