
Новата ѕвезда во нападот на Баерн Минхен, Садио Мане, изјави дека е импресиониран од клубот и од градот и неговата адаптација оди многу побрзо од очекуваното. Тој вели дека си постави исклучително високи цели за новата сезона.
„Мојата цел е многу едноставна, да ги освојам сите можни трофеи со овој голем клуб. Се заљубив во Минхен веднаш штом пристигнав. Имав чувство дека веќе го познавам градот. Навистина е прекрасно овде. Луѓето се воспитани и многу фини“, изјави Мане.
Баерн Минхен го купи сенегалскиот напаѓач од Ливерпул за 32 милиони евра. Своето официјално деби Мане ќе го има на 30 јули во пресметката со Лајпциг во Суперкупот на Германија, а на стартот од Бундес – лигата минхенскиот гигант ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal