
Фудбалерот на Баерн Минхен, Садио Мане, во разговор за „RMC Sport“ се осврна на времето кога настапуваше за францускиот Мец. Сенегалецот изјави дека во 2012 година, кога го напушти Мец и ги засили редовите на Салцбург, го имал еден од најтажните моменти во неговата кариера.
Мане пристигна бесплатно во Мец во 2011 година, кој тогаш се натпреваруваше во француската втора лига. Тој одигра 19 натпревари за тимот, но Мец испадна таа сезона.
„Беше тешко време бидејќи клубот испадна, но јас сакав да останам бидејќи Мец беше мојот прв професионален клуб. Не се гледав себеси во ниту еден друг тим, сакав да бидам таму”, изјави Мане.
„Се сеќавам кога австрискиот клуб испрати понуда. Тогашниот претседател на Мец, Бернад Серин рече – не, ако го сакате, треба да платите 4 милиони евра. Тогаш Салцбург понуди 4 милиони евра. Не сакав да заминам, но морав. Ми кажаа дека морам. Јас плачев. Се сеќавам како вчера беше, плачев како дете за да не одам во Австрија. Не го знаев јазикот, не знаев никого. Мец беше мојот втор дом. Не беше лесно, но на крајот морав да прифатам да одам во Салцбург“, раскажува Мане.
Сега тој е е дел од Баерн Минхен, а претходно настапуваше за Ливерпул каде се наметна како еден од најдобрите фудбалери во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal