
Баерн Минхен на убедлив начин ја почна турнејата низ САД. Германскиот првак го совлада Ди Си Јунајтед со 6-2. Натпреварот се одигра на стадионот „Ауди Филд“ во Вашингтон, а дебитантски голови постогнаа новите засилувања, Садио Мане и Матијс де Лихт.
Баерн поведе на почетокот на натпреварот. Во третата минута Лукас Копадо влета во противничкиот шеснаесетник и беше соборен, а Садио Мане го претвори пеналот во 0-1.
Вториот гол за Баварците дојде седум минути подоцна, а негов автор беше Марсел Сабицер со удар надвор од шеснаесетникот. Во 44. минута, Мане беше во улога на асистент, а погоди Серж Гнабри.
На почетокот на вториот дел, меѓу стрелците се запиша и Матијс де Лихт. Петтиот гол за Германците беше дело на Џошуа Циркзе во 51. минута, а во завршницата погоди и Томас Милер. Головите за Ди Си Јунајтед ги постигнаа Скаге Леланд во 54. минута и Теодор Ку-ди Пјетро во 83. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
