Новиот селектор на Саудиска Арабија, Роберто Манчини, стартуваше со пораз на чело на оваа земја од Блискиот Исток во своето деби. Саудиска Арабија загуби од Костарика со 1-3 во пријателскиот натпревар на „Сент Џејмс Парк“.
Франциско Калво ја доведе Костарика во предност во 12. минута од натпреварот, а до крајот на полувремето водството на Костарика беше удвоено откако Манфред Угалде постигна гол во 32. минута.
Неизвеноста на натпреварот се врати во 68. минута кога Ферас Ал Брикан асистираше за Али Ал Булаихи кој ја погоди мрежата на Кејлор Навас. Сепак, Рандал Леал го реши натпреварот откако во 89. минута го постигна третиот гол за Костарика.
Саудиска Арабија ќе одигра уште еден пријателски натпревар на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл против Јужна Кореја на 12 септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













