Connect with us

Манчини на социјалните мрежи ја потврди оставката

Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, на социјалните мрежи ја образложи својата одлука да ги напушти „аѕурите“. Тој ги изненади сите со оставката во време кога немаше очигледна причина. Претходно, неколку пати беше под притисок да биде сменет, а не замина.

„Одлуката да ја напуштам функцијата национален селектор е целосно моја. Сакам да му се заблагодарам на Габриеле Гравина за довербата што ми ја укажа, како и на сите членови на Италијанската федерација. Им честитам и им благодарам на сите мои играчи и на навивачите кои секогаш беа зад мене во последните пет години. Неверојатниот успех на ЕВРО 2020 засекогаш ќе остане во моето срце. Ми беше чест“, напиша Манчини.

Се шпекулира дека Манчини добил понуда да ја предводи репрезентацијата на Саудиска Арабија и дека најверојатно тоа е причината за неговото заминување.

Италија на 9. септември ќе гостува во Скопје и ќе игра против Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови