Connect with us

Манчини: Англичаните се физички посилни, но фудбалот се игра со топката во нозе

Италија одигра неверојатен шампионат, стигна до големото финале и ќе се обиде да им го одземе трофејот на Англичаните на нивниот „Вембли“ во Лондон. Селекторот Роберто Манчини создаде една неверојатна селекција која не знае за пораз на 32 натпревари и се надева дека ќе продолжи во ист стил и на утрешниот голем дуел.

Тој знае дека Англија е физички посилна, но исто така верува и во својата селекција која умее да одигра тактички маестрално и поседува повеќе магија од противникот.

„Англија е моќна, посебно на физички план и тоа е апсолутен факт. Мислам дека се физички посилни на секој дел од теренот. Но, тоа не е пресудно во фудбалот, ова е игра во која треба да умеете со топката во нозе. Мислам дека тука е силата на Италија. Во секој случај, јасно е дека ќе биде тежок и неизвесен натпревар, но затоа е финале, на крајот само еден може да биде најдобар. Верувам во овие момци, одиграа фантастично во досегашниот тек од шампионатот и не се сомневам дека и утре ќе го дадат максимумот за да стигнеме до трофејот“, изјави Роберто Манчини на официјалната прес – конференција пред големото финале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови