Connect with us

Манчестер Сити тргнува по суперталентот на Селта, Габри Веига

Европскиот првак Манчестер Сити сака да го донесе талентираниот играч за врска на Селта, Габри Веига. Тој е желба и на Ливерпул, а неговата откупна клаузула е поставена на 40 милиони евра, што е речиси трипати помалку од тоа што Арсенал ќе го плати на Вест Хем со бонуси за Деклан Рајс.


Веига е дете на Селта, има само 21 година, а важи за еден од најталентираните играчи за врска во Шпанија.

Во Манчестер Сити сфатија дека Деклан Рајс е прескап и дека нема да „војуваат“ со Арсенал и да му ја креваат цената што веќе беше најавено претходно.

Веига долго време беше поврзуван со Ливерпул, кој исто така бараше поевтини опции откако не успеа да го привлече Џуд Белингам.

Се споменуваа Реал Мадрид и Барселона, но позицијата централен играч за врска не е приоритет на шпанските клубови.

Веига е играч за иднината, би прифатил улога од клупата, а сигурно би имал минутажа во ротацијата со Ковачиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови