Connect with us

Манчестер Сити сака да го купи Марко Верати од ПСЖ

Англискиот шампион Манчестер Сити се обидува да го доведе играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, пишува „Ле Паризиен“.


Италијанскиот репрезентативец е дел од парижаните од летото 2013 година. Фудбалерот од средниот ред освои осум титули во Лига 1 во тој период, но беше под сериозни критики во последните месеци. Италијанецот не смета дека се оправдани и исто така сериозно ја разгледува можноста кариерата да ја продолжи во друг клуб.

Спортскиот директор Луис Кампос исто така е подготвен да го продаде играчот доколку во канцелариите на ПСЖ пристигне доволно квалитетна понуда.

Манчестер Сити ќе бара сериозно засилување во средниот ред каде летово се очекува да замине Илкај Гундоган, а под знак прашалник е и иднината на Бернардо Силва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови