Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва (19 часот) ќе играат во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА против Флуминенсе.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Крал Абдул“, а дуелот на двата ривали ќе го суди најдобриот светски судија Шимон Марчинијак од Полска.
„Досега не сме се сретнале со тим каков што е Флуминенсе. Тие се состав полн со енергија и со креативност. Нема да биде лесно. Но, ова е финале на Светското клупско првенство и ние мораме да бидеме подготвени“, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити во полуфиналето го победи јапонскиот тим Урава со 3-0, додека Флуминенсе славеше против Ал-Ахли со 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













