
Манчестер Сити го доведе Џек Грилиш, а Пеп Гвардиола го сака и Хари Кејн. Тие два трансфери би чинеле над 250 милиони евра, но Сити има план да заработи приближна бројка од продажбата на тројца играчи.
Англиските медиуми открија дека Пеп и Лапорт постигнале договор, Шпанецот ќе може да го напушти клубот ова лето, за сума од 65 милиони евра, за која и дојде на „Итихад“. Тој беше голема желба на Барселона, но каталонците можеа да понудат играчи само за размена, Сити одби бидејќи сака пари.
Лапорт сака да се врати во Шпанија, Атлетико и Реал не покажаа интерес, се споменуваше и Јувентус, но и Италијанците се во финансиска неволја.
Следува Бернардо Силва, кој исто така доби збор дека ќе биде продаден. Сака и тој да замине во Шпанија, го споменуваа и како желба на Барселона, но го имаше истиот проблем како и со Лапорт. Меѓутоа, за Силва е заинтересиран и Атлетико Мадрид, кој би можел да плати 70 милиони евра за да го доведе на „Ванда Метрополитано“.
Третиот од чија продажба Сити очекува пари е Габриел Хесус. Бразилецот остана резервна опција и сега кога е единствениот вистински шпиц во тимот. Се чини дека Пеп не верува дека може да го носи нападот на тимот цела сезона, Бразилецот би сакал да има поголема улога, па трансферот звучи реално. Сепак, ниту за него нема конкретни понуди, се споменуваше Јувентус, но преговорите се уште не се почнати.
Дали Манчестер Сити ќе успее да ги продаде сите тројца и да обезбеди буџет за Хари Кејн?

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
