Connect with us

Манчестер Сити пресилен за „волците“ (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја оствари петтата победа во Премиер – лигата оваа сезона откако славеше на гости против Вулверхмптон со 0-3. Со овој триумф тимот на Пеп Гвардиола се искачи на првото место со 17 бода, два повеќе од Арсенал кој утре игра против Брентфорд.

Џек Грилиш по само педесетина секунди донесе водство, а Ерлинг Халанд повторно се запиша во листата на стрелците во 16.минута.

Вулверхемптон во 33.минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Натан Колинс и тогаш беше јасно дека домаќинот нема што да бара на овој меч. До крајот, Фил Фоден стрелаше за 0-3 во 69.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови