
Шампионот Манчестер Сити дојде на „Емирати“, го победи Арсенал со 1-3 и го симна од врвот на табелата во Премиер – лигата. Сега „граѓаните“ имаат 51 бод, исто колку и Арсенал, но со подобра гол-разлика. Арсенал сепак има одиграно еден натпревар помалку.
Кевин де Бруин го отвори резултатот, откако искористи една грешка во одбраната на Арсенал, па вратена топка кон Рамсдејл ја украде и веднаш го лобуваше.
Бакајо Сака успеа да израмни во 42.минута од пенал и ги врати „топчиите“ во игра пред полувремето.

Сепак, Џек Грилиш во 72.минута постигна гол за нова предност на Манчестер Сити, а триумфот го завери Ерлинг Халанд десет минути подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
