Кризата на Манчестер Сити не заврши и после репрезентативната пауза. Некогашната гол-машина на Пеп Гвардиола сега изгледа апсолутно расипана, па дојде Тотенхем на „Етихад“ и победи со 0-4.
Дефанзивата е очајна, а нападот на Манчестер Сити на овој меч исто така беше немоќен. Беа создадени неколку шанси за Ерлинг Халанд кои тој не ги искористи, а одличен беше и голманот на Тотенхем, Викарио.
Џејмс Медисон во првото полувреме го шокираше Гвардиола со два гола. Тој во 13.минута го отвори резултатот, а седум минути подоцна зголеми на 0-2.
Третиот гол беше дело на Педро Поро во 53.минута, а Бренан Џонсон го заокружи триумфот со уште еден гол во судиското продолжение.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski