Connect with us

Манчестер Сити на лето во нова офанзива по Лукас Пакета

Англискиот шампион Манчестер Сити подготвува летен трансфер за играчот од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Лукас Пакета. Ова ќе стане приоритет за Пеп Гвардиола доколку Бернардо Силва одлучи да го напушти клубот.


Пакета (26) блеска за „чеканите“ откако им се приклучи од Лион во летото 2022 година за клупски рекордни 50 милиони фунти.

Фудбалерот од средниот ред беше еден од клучните играчи на Вест Хем оваа сезона, но заработи повреда на потколеницата во декември и оттогаш тимот на Дејвид Мојес не успеа да победи во седум последовни натпревари без него.

Манчестер Сити беше поврзуван со трансфер на Пакета уште минатото лето, но договорот пропадна откако беше откриено дека Бразилецот е предмет на истрага на ФА поради наводно нелегално обложување, а истрагата сѐ уште е во тек.

Пакета, кој ги негира обвинувањата, останува на радарот на Манчестер Сити и се смета за човек кој би можел да го замени Бернардо Силва во средниот ред на „граѓаните“. Португалската ѕвезда има 337 настапи во седум сезони на „Итихад“ и беше еден од најдобрите играчи во тимот на Гвардиола во последните години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови