Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да ги слушне понудите за својата ѕвезда Кевин де Бруин бидејќи врвните клубови во Саудиска Арабија се сериозно заинтересирани за потписот на најдобриот играч од средниот ред во Премиер-лигата. 32-годишниот фудбалер важи за фудбалер кој дополнително ќе го подигне профилот на лигата во Саудиска Арабија.
Медиумите на Островот откриваат дека раководството на „граѓаните“ сѐ повеќе паѓа во искушение од можноста да го продаде Белгиецот далеку од Премиер – лигата.
Договорот на Де Бруин истекува на крајот од следната сезона и тој допрва треба да даде индикации за неговите идни планови. Преговорите за нов договор сѐ уште не се започнати.
Де Бруин е во извонредна форма за Сити откако се врати од операцијата на тетивата, забележувајќи седум асистенции и два гола во седум настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













