Connect with us

Манчестер Сити му постави рок на Гвардиола за да ја разреши својата иднина

Манчестер Сити му одреди краен рок на Пеп Гвардиола да донесе конечна одлука за неговата иднина поради разговорите за заминување во 2025 година.

Блиските односи на менаџерот со фудбалскиот директор Чики Бегиристајн му обезбедуваат слобода да одлучи како и кога да замине.

Според „ЕСПН“, Гвардиола сака да си замине по Светското клупско првенство во 2025 година. Клубот инсистира да донесе конечна одлука до Божиќ за да се даде доволно време за планирање и ангажирање на нов тренер.

По победата од 3-1 над Вест Хем во последното коло од Премиер – лигата, со која на тимот му ја обезбеди рекордната четврта титула во низа, Пеп Гвардиола призна дека е „поблиску до заминување отколку до останување“. Тој исто така изрази чувство на замор и недостаток на мотивација да се подготви за новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови