Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити тргнува во финална битка за потписот на Лионел Меси. Пеп Гвардиола и раководството на „граѓаните“ сакаат да ја искористат кризната ситуација на „Камп Ноу“, намалување на платите и заминувањето на претседателот Хозеп Мариа Бартомеу и му нудат да потпише преддоговор со неверојатни услови за да се пресели на лето на „Етихад“.
Меси сериозно размислуваше за заминување изминатиот преоден рок, но Барселона го задржа во последен момент затоа што мораше да ја одработи последната сезона од актуелниот договор. По завршувањето на овој шампионат, Лионел Меси ќе биде слободен агент.
Раководството на Манчестер Сити сака тој да стави потпис на преддоговор со клубот и да го осигура трансферот на најдобриот светски фудбалер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













