Англискиот првак Манчестер Сити има надежи дека ќе го продолжи договорот со Ерлинг Халанд, благодарение на продолжувањето на договорот на менаџерот Хосеп Гвардиола. Според најновите информации, Гвардиола се согласил да потпише нов договор за уште една година, со опција за дополнителни 12 месеци, што значи дека може да остане на „Етихад“ до летото 2027 година.
Халанд, кој има договор со клубот за уште две и пол години, исто така преговара за ново продолжување на договорот. Клубот сака да го ангажира за уште пет наредни години, со годишна плата од околу 20 милиони фунти.
Ако нападателот се согласи, тоа ќе значи дека за новиот договор ќе добие 100 милиони фунти, без вклучени бонуси.
Минатата недела, Халанд изјави дека многу би сакал Гвардиола да остане во клубот, истакнувајќи дека менаџерот имал клучна улога во неговите успеси досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













