
Преселбата на капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, во Барселона изгледа сѐ поневеројатна. 32-годишниот Германец е една од главните трансферни желби на Каталонците, а уште пред неколку месеци беше објавено дека тој начелно се договорил на лето како слободен играч да се пресели на „Камп Ноу“.
Сепак, големиот проблем на Барселона е што Ла Лига се уште не го одобрила финансискиот план на клубот. Ова се очекуваше да се случи уште минатиот петок, но од Ла Лига беше побарано одложување од 15 дена. Тоа одложување, во комбинација со упорните напори на Манчестер Сити да го убеди Гундоган да остане, најверојатно ќе го прекине трансферот на играчот од средниот ред, тврди „Мундо Депортиво“.
Клубот од „Итихад“ првично му понуди на Германецот договор за уште 12 месеци, но шампионот оттогаш му понуди на Гундоган подолг договор, што може да го убеди повторно да потпише. Најверојатно ќе парафира до летото 2025 година.
Арсенал исто така е заинтересиран за Гундоган во Англија.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
