Новата сезона на Премиер – лигата започнува на 16 август и ќе трае до 25 мај 2025 година. Манчестер Сити, кој е шампион и ќе се стреми кон четврта последователна титула, ќе ја отвори сезоната со гостување на Челси на „Стемфорд Бриџ“. Ова ќе биде и првиот натпревар на Енцо Мареска како менаџер на Челси.
Арсенал, кој се бореше до последно за титулата минатата сезона, ќе го пречека Вулверхемптон дома. Ливерпул ќе ја започне својата нова ера под водство на Арне Слот со гостување на Ипсвич, кој се враќа во елитата по 22-годишно отсуство.
Манчестер Јунајтед, освојувачот на ФА Купот, ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона во Премиер – лигата, како домаќин против Фулам на 16 август.
Тотенхем ќе гостува кај Лестер, а Астон Вила, кој си обезбеди учество во Лигата на шампионите по одличното претставување минатата сезона, ќе започне со посета на Вест Хем. Њукасл ќе го пречека на „Сент Џејмс Парк“ последниот од екипите кои изборија промоција, Саутемптон.
🚨 Announce 2024/25 Premier League fixtures 🚨 pic.twitter.com/g7PU3duDV6
— Premier League (@premierleague) June 18, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













