
Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ се уште не го обновил договорот со клубот и тоа неизбежно ги зголемува шпекулациите за неговата иднина. Според „Ел Национал“, интерес за одличниот фудбалер за врска на Реал Мадрид покажуваат Манчестер Сити и Интер, но само доколку на лето стане слободен играч.
Хрватот има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и веќе може слободно да преговара со други клубови. Според информациите во шпанскиот печат, раководството на Реал Мадрид му понудило нов договор на играчот за уште една сезона, но двете страни се уште не постигнале конечен договор.
Гвардиола се надева дека може да го доведе Модриќ на „Итихад“, а и Интер би го сакал во својот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
