
Иднината на Џек Грилиш во Манчестер Сити е доведена во прашање, бидејќи „граѓаните“ планираат да го реконструираат својот тим во текот на летото, пренесуваат медиумите на Островот.
Шампионот, кој има за цел повторно да ги освои трофеите во Премиер – лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот, се обидуваат да го подобри својот тим за следната сезона.
Тоа може да значи продажба на некои од големите имиња на „Итихад“, а еден од играчите чија иднина е далеку од сигурна е Џек Грилиш.
Репрезентативецот на Англија имаше тешка сезона со голем број повреди како врв на лошата форма. Поранешна ѕвезда на Астон Вила поголем дел од натпреварите ги почна од клупата за резерви или воопшто не беше вклучен во составот.
Манчестер Сити е заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Квица Кварацхелија, кој би дошол на местото токму на Џек Грилиш. Сепак, Англичанецот има актуелен договор и Сити ќе мора да пронајде заинтересирани клубови за негова продажба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
