
Манчестер Сити официјално го претстави Матео Ковачиќ, кој доаѓа од Челси за 25 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони во бонуси. 29-годишниот Хрват потпиша четиригодишен договор и стана првото ново засилување за тимот на Пеп Гвардиола кој освои тројна круна.
Ковачиќ беше во Челси во последните пет години, забележа вкупно 221 настап за лондончани и ги освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Тој директно ќе го замени капитенот Илкај Гундоган, кој како слободен играч потпиша за Барселона.
Ковачиќ дури го наследува и дресот со број „8“ од Германецот, кој во последните седум години играше за Сити.
„Тоа е брилијантен потег за мене и едвај чекам да започнам со Сити. Секој кој го гледал овој тим под водство на Пеп знае колку се добри. За мене тие се најдобри на светот. Трофеите кои ги освоија им се познати на сите, но тие се и најдобра фудбалска екипа. Приклучувањето во овој тим е сон на секој фудбалер. Имам уште многу да учам и да се развивам и знам дека под водство на Пеп можам да станам подобар играч, што е навистина возбудливо за мене. Мојот план сега е да одморам неколку недели пред да се вратам во Манчестер за да се подготвам за новата сезона. Сакам да му помогнам на овој клуб да остане на врвот и да освои повеќе трофеи“, изјави Ковачиќ, кој е четирикратен освојувач на Лигата на шампионите. Освен со тимот на Челси, тој има и со Реал Мадрид три трофеи од најпрестижното клупско фудбалско натпреварување.
Ковачиќ има 95 натпревари за хрватската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
