Connect with us

Манчестер Сити го освои Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Европскиот првак Манчестер Сити ја придодаде и светската клупска титула откако го победи Флуминенсе со убедливи 4-0 на дуелот во Џеда. Тоа е прва светска титула за „граѓаните“.

Хулијан Алварез по само четириесетина секунди го отвори резултатот и го доведе тимот на Пеп Гвардиола во водство. Нино во 27.минута си постигна автогол и беше јасно дека Сити е на чекор до нов успех.

Фил Фоден во 72.минута постигна трет гол, а серијата повторно ја затвори Хулијан Алварез.

Успехот на Манчестер Сити е уште поголем ако се знае дека на турнирот не играа Ерлинг Халанд, Џереми Доку и Кевин де Бруин. За најдобар фудбалер на финалето беше избран Родри.

Третото место му припадна на Ал Ахли кој со 4-2 беше подобар од Урава.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови