Манчестер Сити ја зацврсти лидерската позиција на табелата во Премиер – лигата откако на убедлин начин го доби дербито против актуелниот првак Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Тимот на Пеп Гвардиола славеше со 1-4, првпат по 18 години во гнездото на „црвените“ и сега има пет бода предност пред градскиот ривал Манчестер Јунајтед, и плус еден одигран меч помалку.
Ливерпул сега заостанува големи 10 бода зад „граѓаните“ и се наоѓа на четвртата позиција.
Илкај Гунгодан во 37.минута не реализираше пенал, но се поправи на самиот почеток на второто место кога ја затресе мрежата на Алисон од игра во 49.минута. Голманот на Ливерпул беше трагичар на овој меч.
Мохамед Салах израмни од пенал во 63.минута, но десет минути Гундоган повторно донесе предност за „граѓаните“, а фуријата ја продолжија Рахим Стерлинг во 76.минута и Фил Фоден во 83.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













