Connect with us

Манчестер Сити го декласира Баерн, Интер го освои Лисабон (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Интер се многу поблиску до полуфиналето во Лигата на шампионите по првите четвртфинални дуели кои се одиграа вечерва, на „Етихад“и во Лисабон. Англискиот првак го декласира Баерн Минхен со 3-0 и направи огромен чекор кон пласман меѓу четирите најдобри.

Интер победи со 0-2 на гости против Бенфика и исто така има одлична залиха пред реваншот на „Џузепе Меаца“.

Родри постигна прекрасен гол од далечина во 27.минута и донесе водство за „граѓаните“. Упамекано беше слаба точка кај Баерн, а тоа Сити знаеше да го искористи. На асистенција на Халанд, Бернардо Силва постигна убав гол со глава во 70.минута, а Норвежанецот шест минути подоцна и сам се запиша меѓу стрелците за убедлив триумф.

Интер поведе на „Луж“ со голот на Николо Барела во 51.минута, а Ромелу Лукаку ја удвои предноста со погодокот од пенал во 82.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови