Англискиот првак Манчестер Сити ја одреди цената за Габриел Хесус. Бразилскиот напаѓач вреди 50 милиони евра. Ова е одговорот од „граѓаните“ за Јувентус кој е заинтересиран за ангажман на голгетерот на Сити.
Пеп Гвардиола сака да го доведе Хари Кејн, но тој проект е се уште далеку од реализација, а Габриел Хесус е единствениот напаѓач во тимот по заминувањето на Серхио Агуеро.
Сепак, доколку Јувентус одлучи да уплати 50 милиони евра, „граѓаните“ ќе го продадат Бразилецот, а потоа со сите сили ќе тргнат по Хари Кејн. Втората опција за Пеп Гвардиола е Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













