
Манчестер Јунајтед продолжува да урива негативни рекорди од почетокот на сезоната под водство на Ерик тен Хаг. Вчера „црвените ѓаволи“ претрпеа нов пораз од Вест Хем, а за „чеканите“ во вториот дел прецизни беа Џеред Боувен и Мохамед Кудус. Резултатот го остави 20-кратниот шампион на осмото место на табелата и осум бода зад четвртопласираниот Тотенхем.
Ситуацијата на „Олд Трафорд“ станува уште полоша кога подлабоко ќе се погледне статистиката. Тоа беше 13. пораз за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната, најмногу порази пред Божиќ од 1930 година. Тоа беше и 20. пораз на тимот во календарската година.
Негативниот резултат против Вест Хем го одбележа и четвртиот последовен натпревар без постигнат гол или 336 минути, што е нешто помалку од седум часа. Тоа се случува првпат од 1992 година и уште еднаш да ги нагласи сериозните проблеми на тимот во нападот.
Интересно е и тоа што секој од најдобрите стрелци на Вест Хем – Кудус и Бовен – имаат поединечно повеќе голови од целата четворка на Манчестер Јунајтед – Антони, Алехандро Гарначо, Бруно Фернандеш и Расмус Хојлунд. Данецот беше заменет во 57. минута од Маркус Рашфорд и продолжува да биде без гол во Премиер – лигата по 14 натпревари во првенството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal