Connect with us

Манчестер Јунајтед со антирекорд во Лигата на шампионите

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед освен што заврши на последното место во својата група во Лигата на шампионите, постави и непријатен анти-рекорд за тимот.


„Црвените ѓаволи“ сега се англискиот тим кој примил најмногу голови во една сезона во групната фаза на најелитниот фудбалски турнир.

Тимот на Ерик Тен Хег прими 15 гола во своите шест натпревари од групата А. Парадоксално, во исто време, Јунајтед исто така беше еден од тимовите со најмногу постигнати голови. Ова ги направи натпреварите на „црвените ѓаволи“ едни од најатрактивните, но без посебна корист за англискиот тим.

Одбраната и Онана имаа само една чиста мрежа на тие натпревари и тоа во победата од 1-0 на домашен терен над Копенхаген. На крајот, само вторпат во својата историја, 20-кратниот шампион на Англија заврши на последното место во својата група.

Еве ги резултатите од сите натпревари на Манчестер Јунајтед во ЛШ оваа сезона:

Баерн Минхен – Манчестер Јунајтед 4-3

Манчестер Јунајтед – Галатасарај 2-3

Манчестер Јунајтед – Копенхаген 1-0

Копенхаген – Манчестер Јунајтед 4-3

Галатасарај – Манчестер Јунајтед 3-3

Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен 0-1

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови