Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготвува голем трансфер во зимскиот преоден рок. Според медиумите на Островот, раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да го урне клупскиот рекорд за трансфери за да го купи Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
21-годишниот крилен напаѓач на баскискиот клуб е најголемата желба на менаџерот Ерик тен Хаг, а раководството ќе се обиде да му ја исполни. За реализација на овој трансфер Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 115 милиони евра. Тоа ќе биде најмногу што клубот платил во историјата за еден фудбалер.
Досегашниот рекордот го држи Пол Погба чиј трансфер од Јувентус изнесуваше 105 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













