
Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш би можел да го напушти лисабонскиот клуб во јануарскиот преоден рок со отштета од најмалку 100 милиони евра, пренесува „Абола“.
Невеш (19) има договор со Бенфика до 30 јуни 2028 година. Португалските медиуми пренесуваат дека клубот од Лисабон е подготвен да го продаде младиот фудбалер во јануари следната година во случај на добра понуда.
Најголем интерес за фудбалерот на Бенфика покажува Манчестер Јунајтед кој сака да го ангажира Невеш на крајот од сезоната.
„Црвените ѓаволи“ сметаат дека фудбалерот на Бенфика е идеална замена за Кашемиро, кој на лето би требало да го напушти „Олд Трафорд“.
Челниците на Манчестер Јунајтед планираат да го намалат обештетувањето на младиот фудбалер во разговори со претставниците на Бенфика.
Невеш оваа сезона одигра 25 натпревари за Бенфика и постигна еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
