Манчестер Јунајтед се подготвува да испрати понуда до Челси за дефанзивецот Тревор Чалоба. „Црвените ѓаволи“ мораат да доведат барем еден нов централен дефанзивец во текот на летото, а на лондончани им треба продажба до 30 јуни за да ги исполнат условите од финансискиот фер-плеј.
Се смета дека Челси сака околу 25 милиони фунти за 24-годишниот Англичанец.
Манчестер Јунајтед е заинтересиран и за англискиот репрезентативец од Евертон, Џерад Брантвејт, кој сепак ќе биде значително поскап.
„Црвените ѓаволи“ веќе ја официјализираа разделбата со Рафаел Варан, додека неизвесна е иднината на ветеранот Џони Еванс и на поранешниот капитен Хари Мегваер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













