Напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс, повторно се поврзува со Манчестер Јунајтед како можна алтернатива за Расмус Хојлунд. Според информации на „Атлетик“, раководството на „црвените ѓаволи“ веќе активирало посредници за да ги утврдат условите за евентуален трансфер на 29-годишниот голгетер.
Воткинс се разгледува како резервна опција доколку преговорите со Спортинг Лисабон за Виктор Ѓокереш, кој е главен приоритет на клубот, не успеат. Покрај Јунајтед, и Арсенал и Јувентус покажуваат интерес за шведскиот репрезентативец, но застојот во преговорите ги натера „ѓаволите“ да бараат и други решенија.
Трансфер стратегијата на Јунајтед, предводена од менаџерот Рубен Аморим, веќе донесе ангажман на Матеус Куња, а преговорите продолжуваат и за Брајан Мбеумо од Брентфорд. Засилување на нападот е приоритет поради разочарувачката мината сезона со само 44 гола во Премиер – лигата.
Со оглед на нестабилната форма на Хојлунд, кој за две сезони постигна само 14 гола во лигата, Воткинс се издвојува како сигурна опција. Во минатата сезона, тој заврши како трет најефикасен централен напаѓач според вкупниот број на голови и асистенции (24), зад Ерлинг Халанд (29) и Александер Исак (25).
Доколку се отворат конкретни преговори, Астон Вила ќе бара околу 70 милиони евра за Воткинс — иста сума што му беше побарана и на Арсенал во зимскиот трансфер прозорец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













