Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го доведе Маунт на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед е уште еден клуб кој покажува интерес за играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт. Според медиумите на Островот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат 55 милиони фунти за 24-годишниот англиски интернационалец.


Маунт, кој ги пропушти последните недели од сезоната поради повреда, е главната цел на менаџерот Ерик тен Хаг на почетокот на летниот преоден рок и Манчестер Јунајтед сака брзо да го заврши договорот.

Фудбалерот влегува во последната година од договорот со Челси, а неговата иднина е сѐ понејасна, бидејќи засега нема договор меѓу него и клубот. Сепак, Манчестер Јунајтед ќе мора да се бори за потписот на Маунт со Арсенал и со Ливерпул кои исто така се заинтересирани за него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови