Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, би можел да го напушти клубот во зимскиот трансферен прозорец. Според медиумите на Островот, менаџерот Ерик тен Хаг донел одлука да не смета на искусниот дефанзивец на долг рок и инсистира на негова продажба.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со Мегваер за само 10 милиони фунти. Ова е осумпати помалку од сумата што Манчестер Јунајтед ја плати за дефанзивецот на Лестер во 2019 година.
Хари Мегваер веќе неколку трансферни прозорци се најавува како фудбалер кој треба да замине од „Олд Трафорд“, но на крајот остана цели пет сезони во дресот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













