Манчестер Јунајтед испратил понуда за дефанзивецот на ПСЖ, Нуно Мендеш, пренесува француското издание „РМЦ“. 22-годишниот фудбалер има уште 18 месеци од договорот со парискиот клуб, но е подготвен за трансфер во јануари.
Португалскиот бек веќе работел под водство на Рубен Аморим, кога двајцата беа дел од Спортинг во периодот од 2020 до 2022 година, пред Мендеш да замине во ПСЖ за малку повеќе од 31 милион фунти.
Според францускиот медиум, Нуно Мендеш сè уште не е целосно убеден дека преоѓање во Манчестер Јунајтед е вистински чекор за него. Тој сака трансфер, но интерес покажале и други клубови. Пари Сен Жермен, пак, ќе се обиде да го задржи со нов договор во најскоро време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













