Дефанзивецот на Ница, Жан-Клер Тодибо повторно е цел на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ бараат опција за засилување на одбраната во јануари и повторно се насочија кон 24-годишниот француски интернационалец.
Тодибо долго време се поврзуваше како трансфер цел на англискиот гигант, но засега клубот од „Олд Трафорд“ нема испратено понуда за него. Сепак, тоа може да се промени сега кога новиот инвеститор Сер Џим Ретклиф веќе се приклучи на клубот и даде зелено светло за зајакнување на тимот.
Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со Ница за да започне разговори за параметрите за евентуален договор. Се верува дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да издвојат околу 50 милиони фунти за правата на Французинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













