Јапонскиот фудбалер на Реал Сосиедад, Такефуша Кубо, лани одигра многу силна сезона и го привлече вниманието на неколку европски тимови, вклучувајќи го и англискиот Манчестер Јунајтед.
На 10 натпревари од почетокот на тековната натпреварувачка сезона, Кубо забележа пет гола и две асистенции, а во септември ја освои наградата за играч на месецот во шпанската Ла Лига, пред Џуд Белингам од Реал Мадрид и Роберт Левандовски од Барселона.
Раководството на „црвените ѓаволи“ во 22-годишниот офанзивен играч за врска гледа одлична опција за засилување на составот.
Во договорот на јапонскиот фудбалер има клаузула за ослободување од 60 милиони евра и шпанскиот клуб тешко би го спречил играчот да си замине по активирањето на клаузулата и неговата желба да се пресели во друг тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













