Манчестер Јунајтед е подготвен да го урне светскиот трансфер рекорд и да го доведе Винисиус Жуниор. Од „Олд Трафорд“ планираат да испратат понуда до Реал од дури 250 милиони евра – 180 милиони евра отштета, плус 70 милиони евра бонуси, додека самиот фудбалер би добил 40 милиони евра годишно, што звучи неверојатно.
Со поддршка на „ИНЕОС“, Ерик тен Хаг и неговиот тим делуваа брзо во преодниот рок. Неговите напаѓачки редови беа засилени со потпишување на договор со напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе, пред да го победат Реал Мадрид за потписот на Лени Јоро од Лил.
Покрај тоа, наводно „црвените ѓаволи“ се во преговори за потпишување на Мануел Угарте од Пари Сен Жермен, кој е многу блиску до „Олд Трафорд“.
Меѓутоа, еден од примарните цели на Манчестер Јунајтед наводно е да го убедат Винисиус Жуниор да го напушти Реал Мадрид и да дојде во Премиер – лигата. 24-годишниот играч лани имаше извонредна сезона, постигнувајќи 24 голови и 11 асистенции во 39 настапи во сите натпреварувања.
Со Реал Мадрид ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите, и е еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“. Нема никакво сомневање дека би бил најголемото засилување на Јунајтед ова лето, а веројатно и во последните десетина години.
Сепак, тешко е да се очекува дека Реал ќе се согласи. Во Мадрид многу го ценат Винисиус и сакаат тој заедно со Килијан Мбапе да биде ударниот тандем во наредните години, па Манчестер Јунајтед ќе мора да побара некој друг за својот напад.
Во случај трансферот да се случи, ќе биде поставен нов рекорд. Сегашниот светски рекорд го држи Нејмар, за кого ПСЖ на Барселона во 2017 година и плати дури 222 милиони евра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski