Connect with us

Манчестер Јунајтед носи нов напаѓач по неволјите со Санчо и со Ентони

Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира холандското крило Анвар Ел-Гази, тврдат медиумите на Островот. 28-годишниот фудбалер е слободен играч откако на крајот од преодниот рок го раскина договорот со ПСВ Ајндховен.


Раководството на „црвените ѓаволи“ е загрижено за ситуацијата околу Џејдон Санчо и Ентони, поради што клубот сака да привлече нов крилен напаѓач.


Холанѓанецот има искуство во Премиер – лигата, бидејќи играше за Евертон и за Астон Вила.


Минатата сезона Ел-Гази одигра 31 натпревар за ПСВ, на кои постигна девет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови