
Раководството на Манчестер Јунајтед донесе одлука да го блокира секој обид од друг клуб во Премиер – лигата за ангажирање на Маркус Рашфорд во текот на овој месец. Клубот активно бара купувач за напаѓачот, кој очигледно повеќе не се вклопува во плановите на Рубен Аморим.
Се појавија гласини дека клубови од Премиер – лигата како Арсенал, Челси, Тотенхем и Вест Хем би можеле да се обидат да го ангажираат Рашфорд, но од „Олд Трафорд“ нема да дозволат таков трансфер. Дваесеткратниот шампион е подготвен на договор само со странски клуб.
Милан останува голем фаворит за доведување на 27-годишниот напаѓач. Агентот на играчот сè уште е во Италија за да ја забрза реализацијата на трансферот.
Раководството на „росонерите“ треба да донесе одлука дали претпочита да го доведе Рашфорд или десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер, бидејќи клубот не може да си ги дозволи платите на двајцата.
Каталонските медиуми тврдат дека сè уште постои можност и Барселона да се вклучи во борбата за Рашфорд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
